Листа на стрелци: Илиев направи мала предност пред Палевски

После осум кола во Супер машката лига дојде до мало одвојување на врвот на Листата на стрелците, а таму Ивица Илиев сега има предност во однос на Давор Палевски. Разликата е само два гола така што тие и понатаму се еден до друг во трката за првото место.

Веќе имаат огромна предност во однос на Џонов, Николов и Крстевски така што само се потврдува фактот дека во Супер машката лига неизвесноста ќе биде од 3. до 10. позиција бидејќи првите две места се веќе резервирани.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 8. КОЛО)

ТОП 10

82 – Ивица Илиев (Радовиш)

80 – Давор Палевски (Работнички)

55 – Иван Џонов (Пролет)

51 – Филип Николов (Радовиш)

50 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

47 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

47 – Мартин Поповски (Пролет)

46 – Стефан Талевски (Пелистер)

44 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

44 – Сергии Сулима (Работнички)