Лига Европа: Граџан во ТОП 5 гола, а Секељ ја има одбраната на колото! (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер вчера пред домашната публика во Битола запиша убедлива победа против АЕК од 30:19.

Од почетокот до крајот битолскиот состав беше подобрата екипа на теренот и заслужено стигнаа до победата. Од оваа победа во топ 5 се најде голот на Елмир Граџан од 20. минута кога со мајсторска вртенка го измами противничкиот голман.

Најдобрите голови можете да ги погледнете ТУКА.

Во вториот сегмент одбраните, голманот Мартон Секељ кој вчера чуда правеше и го заврши мечот со 16 интервенции ја има и одбраната на колото.

Најдобрите одбрани можете да ги погледнете ТУКА.