Ливриниќ и Штериова со петта победа по ред, Бузау во трка со ЧСМ Букурешт

По поразот во првото коло од романскиот шампионат, тимот на Глорија Бузау, забележа пет победи по ред.

Последна во низата беше денешната над тимот на Миовени со шест погодоци разлика, 24-18.

Македонските репрезентативки што настапуваат во Бузау, Елена Ливриниќ и Марија Штериова, постигнаа по два гола во триумфот.

Бузау сега се израмни со ЧСМ Букурешт на врвот на табелата и има 15 бодови од шест одиграни натпревари.