Летечкиот Швеѓанец во Барса до 2025 година!

Европскиот шампион Барселона го промовираше уште одамна најавеното засилување за следната сезона.

Станува збор за левото крило Хампус Ване, кој потпиша договор со каталонскиот гигант на три сезони, односно до 2025 година.

„Барса е најголемиот тим во светот. Доаѓањето овде е голем чекор напред во мојата кариера. Мојата цел е уште повеќе да го подобрам моето ниво по девет сезони во Бундес лигата“, вели Ване.

Шведскиот репрезентативец ќе биде замена за Анхел Фернандес, кој во новата сезона ќе ги брани боите на францускиот клуб Лимож.