Лесли и се налути на ЦСКА Москва, им праќа адвокат да си ги добие парите

Откако денеска с епојави информација дека ЦСКА Москва и тренерот Јан Лесли се разделија многу брзо стана јасно дека оваа ситуација ќе има продолжение надвор од ракометните терени бидејќи стратегот од Данска не сака да си замине спогодбено.

Тој се противи на заминувањето бидејќи смета дека треба да добие многу повеќе односно има делови од договорот кои не се исполнети.

„Ми се чини дека има некои противречности во нашата разделба со ЦСКА Москва. Постојат обврски кои ЦСКА треба да ги исполни, а не го направи тоа. Затоа одлучив во целиот случај да го вклучам и мојот адвокат. Во договорот има точки дека имаме вербален договор, на пример дека можам да одам дома за време на ЕХФ неедлите. За десет месеци јас моето семејство го видов само две недели. Сега клубот смета дека јас го прекршив договорот бидејќи си заминав дома“, вели Лесли за медиумите во Данска.

Паузата за натпреварите на репрезентациите тој ја искористи за да отпатува во Данска, но од клубот не се согласуваат со овој момент бидејќи сега кога доаѓаат главните средби тој не е во Москва иако повеќето ракометарки се со репрезентациите.

„Разговарав со претствниците на клубот  на Whatsapp. Денеска кога се разбудив видов соопштение во кое се вели дека повеќе не сум тренер на ЦСКА Москва. не сум добил никака порака од клубот. Малку е вознемирувачко што тие на овој начин одлучија да ја завршат соработката со мене“, вели Јан Лесли.

Она што во моментов е сигурно е дека тимот продолжува под водство на Олга Акопјан која досега беше негова помошничка.