Лембанов прозиваше, Пролет стартуваше со подготовки

Алексо Лембанов го одржа првиот тренинг во 2022 година, со што беше означен стартот на подготовките за вториот дел од сезоната. Амбициите на Пролет остануваат исти, пласман во плејофот од домашното првенство.

Кај сите во играчкиот кадар, стручниот штаб и во управата постои оптимизам дека кризата од крајот на 2021 година ќе биде надмината и во 2022 ќе се влезе во серија добри игри со кои ќе се обезбеди влез во Топ 6 од мак-ракометот.

Покрај Лембанов, на денешниот собир беше присутен и Илија Темелковски, кој по неколку години пауза се враќа назад во клубот. Традиционално, на играчите на првиот тренинг им се обрати и претседателот на клубот, Душко Кадиевски, изразувајќи им поддршка во обидот да се остварат зацртаните цели.

Пролет целите зимски подготовки ќе ги мине во Скопје, каде ќе се тренира по двапати дневно, се со цел да се подобри физичката подготвеност на ракометарите. Воедно, ќе бидат одиграни и најмалку два пријателски натпревари, со ривали што дополнително ќе бидат објавени.