Лекаи: Знаеме што ќе се случи ако го потцениме Вардар, веќе имаме такво искуство

Ракометарите на Вардар в четврток ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.

Средниот бек Мате Лекаи одиграл многу натпревари против Вардар и знае дека македонскиот тим не треба да биде потценет.

„Ние веќе искусивме на наша кожа што може да се случи ако Вардар биде потценет. Тие се уште се тим против кој е тешко да се игра, но мислам Веспрем не треба да има друга цел, освен да победи на гости и дома секако. Според правилата кои претходно беа на сила, ние веќе ќе бевме во четвртфиналето, но коронавирусот промени се. Не се грижиме за тоа, отсега целта е да се победи на секој натпревар до крајот на сезоната“, вели Лекаи.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.