Легендарниот тренер од Србија го напушти Ајзенах

Стратегот од Нови Сад кој има 72 години го напушти кормилото на екипата на Ајзенах со која успеа да се пласира во повисок ранг на натпреварување во својата прва сезона пред две години.

Сеад Хасанефендиќ успеа да го внесе тимот на Ајзенах од 3. лига во Втората Бундес лига, но во последното соопштение од клубот стои дека стратегот кој долго време беше тренер во Бундес лигата спогодбено се разделил со екипата.

Искусниот и трофеен стратег беше на кормилото на Ајзенах од 2018 година, а претходно најдолго време мина во Гумерзба, додека во кариерата има седено и на селекторската позиција во БиХ, Србија и Тунис.

Хасанефендиќ ќе биде наследен од досегашниот негов помошник и координатор на младинската школа на Ајзенах, Маркус Краутоф.