Легендарната голманка од Данска почна тренерска кариера

Поранешната репрезентативка на Данска, која остави огромен број на забележителни партии во националниот тим, но и во редовите на норвешкиот Ларвик почна тренерска кариера.

Рантала која мина дури 17 години во Ларвик од 1997 до 2014 година одлучи после шест години да се врати на ракометот и да почне со тренерска работа. Таа е приклучена во овој тим како помошен тренер и ќе работи заедно со Аре Руд.

Во својата играчка кариера освои сè што можеше да се освои. Во 1996 и 2000 година беше златна на Олимписките игри. Има злато од 1997, сребро од 1993 и бронза од 1995 година од Светските првенства како и три злата од 1994, 1996 и 2002 година и сребро од 1998 година од европскиот шампионати.

Рантала има 52 години, а ова ќе и биде првата тренерска задача. Инаку, ранеше до 46 години и беше една од најуспешните голманки кои ги имала Данска.