Левото крило со трансфер во Австрија: Марија Тасевска потпиша за Дорнбирн

По настапите за тимот на ПАОК од Солун, левото крило Марија Тасевска ќе има нов предизвик во кариерата.

Тасевска се сели во австрискиот шампионат и од оваа полусезона ќе настапува за екипата на Дорнбирн.

Првиот настап за Тасевска со новиот клуб би требало да го има на гостувањето кај составот на Ацгерсдорф.

Македонското лево крило во Македонија настапуваше за тимот на Металург, каде што беше меѓу најдобрите стрелци.