Лани играше Лига на шампиони, сега ќе игра во германски нисколигаш

Некогашниот ракометар на Металург и Пелистер, Александар Гуглета, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Десното крило, кое минатата година ја помина во финскиот тим Рихимаки Кокс и играше во Лигата на шампионите, потпиша за составот на Фридберг.

Станува збор за германски нисколигаш, а Гуглета со своето искуство ќе се обиде да му помогне да се искачи ранг погоре.

Во овој тим настапува и некогашниот босански репрезентативец и член на Бешикташ и Нексе, левото крило Томислав Нуиќ.