Ландин го сопре Борозан за триумф на Кил и за четврт-финале

Екипите на Кил и Веспрем го отворија 12. коло во Лигата на шампионите со дуел за првата позиција на табелата. После голема борба Кил стигна до победа пред своите гледачи од 29:28, на тој начин го завери првото место и воедно директниот пласман во четврт-финалето.

Првиот дел помина претежно во израмнета игра со наизменично менување на водството и ниту една екипа немаше поголема предност од два гола. Сепак, по првите 30 минути ниту Кил ниту Веспрем не обезбедија предност. На полувреме беше 15:15.

Кил имаше подобар почеток на вториот дел и стигна до највисока позитива од четири гола, 21:17 со головите на Дувњак и Екберг. Следуваше период во кој домашниот тим имаше контрола на резултатот.

Во 19. минута од вториот дел по подолг период Веспрем успеа да намали на минус еден што беше причина Филип Јиха да повика тајм аут. Тоа донесе резултат и Кил го врати водството кое најчесто го имаше, од три гола. Во последните две минути Кил влезе со минимална предност која успеа да ја задржи за победа и прво место во групата. Борозан го имаше последниот удар за нерешено, но Ландин одбрани така што успеа да го однесе Кил директно во четврт-финалето на две кола пред крајот.

Најефикасен во составот на Кил беше Екберг со осум гола, а втор стрелец беше Пекелер со седум погодоци. Ландин собра вкупно единаесет интервенции. Во тимот на Веспрем, Борозан и Нилсон постигнаа по пет гола, додека Јахија погоди четирипати.