Лазаров ќе прозива, сениорите на собир пред ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги стартува подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кире Лазаров на скратениот список има 24 ракометари, но подоцна ќе се појават Никола Митревски, како и Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои имаат клупски обврски до крајот на годината.

Веднаш после собирот, ракометарите заминуваат за Маврово каде ќе ја минат првата фаза од подготовките.

Таму ќе бидат одиграни две пријателски средби против Кувајт на 27 и 29 декември, додека во Скопје за време на втората фаза ќе се одиграат уште две пријателски средби со Израел на 3 и 4 јануари.

Македонија ќе игра во групата А во Дебрецин, заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора.