Лазаров со прв список – 35 ракометари во комбинација за Мундијалот!

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари пред Мундијалот во Полска и Шведска.

Лазаров ќе смета на 35 ракометари, од кои ќе ги повика оние што ќе ги стартуваат подготовките пред Нова Година.

Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандиja, а натпреварите ќе ги игра во „Таурон Арена“ во Краков.

На списокот има дури 31 ракометар од македонската Суперлига, и само четири играчи што настапуваат во странство.

Во споредба со претходниот поширок список за стартот на квалификациите за ЕП 2024 година ги нема Димитар Димитриоски, Дарко Димитриевски и Никола Костески, а новитети се Мартин Карапалевски, Мартин Велковски, кој се уште е на рехабилитација и Михаил Аларов.