Лазаров со една измена, Митев ќе дебитира на ЕП

Машката репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ривал на Македонија ќе биде Данска, на која исто така не и значи ништо овој натпревар и ќе има изменет ростер.

Селекторот Кире Лазаров направи една измена во однос на претходниот натпревар и во ростерот ќе биде средниот бек Марко Митев на местото на левото крило Бојан Маџовски.

Македонија и Данска ќе играат вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.

Состав на Македонија: Томовски, Митревски, Кузманоски, Георгиевски, Костески, Симоноски, Пешевски, Кузмановски, Талески, Мишевски, Ѓоргиев, Миркуловски, Митев, Крстевски, Серафимов, Велковски