Лазаров: Секој тренинг и дуел е важен, за младите да „купат“ минутажа на знајчајните натпревари

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот од четирите контролни натпревари пред настапот на Европското првенство.

Ривал е селекцијата на Кувајт, која се подготвува за Азискиот шампионат, а веќе одигра два меча и загуби два пати од Црна Гора.

Селекторот Лазаров инсистираше на четири меча, за да има доволни шанси да ги „провери“ младите ракометари.

„Секогаш велиме дека немаме доволно време, но сега имаме. Мора да работиме квалитетно, ќе направиме квалитетни подготовки во Маврово и Скопје. Инсистирав на четири контролни натпревари, на кои не ми е битен резултат, иако секогаш сакам да победииме. Ќе пробаме многу играчи, да видиме кој колку може да одговори на потребните за ЕП. Секој тренинг е важен, секој натпревар е важен, за да помладите купуваат знаење и да не „купуваат“ нас од стручниот штаб за да добијат минутажа на значајните натпревари“, изјави селекторот Лазаров.

Денешниот натпревар меѓу Македонија и Кувајт се игра во Маврово и започнува од 18:00 часот.