Лазаров пред дуелот со Манасков: Не сме аутсајдери, притисокот е кај Веспрем

Денесска продолжуваат возбудувањата во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Нант со Кире Лазаров го пречекува Веспрем со Дејан Манасков, во дуел во кој македонскиот селектор ќе игра против екс тимот.

Нант направи изненадување и го елиминираше полскиот Келце во претходната рунда, а Лазаров вели дека притисокот е кај Веспрем.

„Мечеви како утрешните ги немаме секој ден. Мора да уживаме во нив, да покажеме против Веспрем дека сакаме да победиме и да се обидеме да се пласираме во второто полуфинале во својата историја. Ние пораснавме како тим. Се чувствуваме добро физички и психички, триумфот над Шамбери ни дојде добро за зголемување на самодовербата. Веспрем е под поголем притисок од нас. Веќе неколку години чекаат да ја освојат титулата во Лигата на шампиони, ги имаат и најдобрите играчи во светот. Не би рекол дека ние сме аутсајдери, победивме тимови како ПСЖ, Кил и Келце – желба е она што е потребно за победа“, вели Лазаров.

Натпреварот меѓу Нант и Веспрем се игра вечерва во „XXL Арена“, а ќе го суди македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.