Лазаров остана на нула, Нант славеше кај Истр

Ракометарите на Нант забележаа нова победа во 18. коло од првенството на Франција. Екипата каде што настапува Кире Лазаров триумфираше на гостувањето кај Истр со 28:32 и ја продолжи победничката серија.

Со овој триумф Нант зацврсти на втората позиција зад ПСЖ но тешко може да ја загрози водечката екипа. Кире Лазаров немаше своја вечер на овој натрпевар и не успеа да постигне погодок, а имаше четири промашувања.

Нант имаше целосна контрола на натпреварот и беше во водство со сите 60 минути. Уште по првиот дел имаа солидна предност од 13:18, а во вториот дел одиграа рутински за нови бодови во домашниот шампионат.

Предводници до победата на Нант беа Линус Персон со шест гола и Драган Пешмалбек со пет гола. Фантастичен уште една на голот беше Емил Нилсен кој имаше 16 успешни интервенции.