Лазаров нема конкуренција, неговиот рекорд ќе стои уште долго (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија и ракометар на Нант, Кирил Лазаров сезонава ќе има можност да ја подобри статистиката во Лигата на шампионите.

На досегашните 1306 гола ќе може да додаде уште и да го подобри својот рекорд во најсилното клупско натпреварување во Европа. Лазаров досега неколкупати беше најефикасен во сезоните додека настапуваше за Загреб, Веспрем, Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Барселона, а сега може да го подобри вкупниот број на голови.

Неговиот досегашен рекорд сигурно ќе биде предизвик за следните генерации, а со оглед на тоа што може уште повеќе да го подобри сигурно предизвикот ќе стане уште поголем.