Лазаров и Нант во вториот дел го скршија отпорот на Шамбери

Екипата на Нант каде што настапува Кирил Лазаров забележа убедлива победа во 13. коло од првенството на Франција, а на домашен терен против Шамбери славеше победа од 38:29 со одлична игра особено во вториот дел.

Кирил Лазаров имаше збележителен настап и натпреварот го заврши со четири погодоци, а исто така запиша и една асистенција. Најефикасен беше Валеро Ривера со десет погодоци.

Првото полувреме беше доста израмнето, Шамбери имаше постојано минимално водство кое го одржуваше до заминувањето на одмор кога Нант водеше со 18:17.

Во второто полувреме сликата на теренот беше многу поразлична. Нант целосно доминираше и лесно стигна до висок триумф. Со оваа победа Нант и Лазаров се зацврстија на втората позиција. Во следното коло на домашен терен Нант ќе го пречека ПСЖ во дербито на водечките екипи.