„Лазаров е логичен избор за тренер на Нант“

На крајот на оваа сезона францускиот Нант ќе остане без тренерот Алберто Ентрериос, кој ќе го преземе тимот на Лимож.

Клубот не очекуваше дека Ентрериос ќе замине, па мораше да започне со потрага по негов наследник. Според бекот Александар Шкуринскиј, една од опциите за наследник на Шпанецот е токму македонскиот капитен и селектор Кире Лазаров.

Русинот тоа го откри во интервју за „Брз Центар“.

„Ние одлично се сложуваме со Лазаров, а исто и со другите балакнци, па дури имаме и посебна група на Месинџер. Лазаров е весел и забавен човек, знае да се шегува. Но кога се работи за тренинзи или натпревари, тој веднаш станува сериозен. Вистински професионалец. Кога му кажав дека ми беше идол, се смееше…И јас бев изненаден кога слушнав дека заминува Ентрериос. Не е толку важно кој ќе биде нов тренер, јас секако ќе морам да се докажам. Има многу шпекулации. На пример Лазаров ја завршува кариерата. Тој веќе го води македонскиот национален тим, а веќе игра неколку сезони во Нант, сличен е со Алберто. Шпанецот исто така ја заврши кариерата во Нант и веднаш стана тренер. Оваа опција со Лазаров е логична. Ростерот е комплетиран за следната сезона, но се уште не е промовиран новиот тренер“, вели Шкуринскиј за „Брз Центар“.

Maкедонскиот капитен и селектор ја игра петтата сезона во Нант, а најави дека оваа сезона е последна во играчката кариера. Негова замена во францускиот клуб ќе биде Хорхе Македа, а својот престој го продолжуваат и младиот Србин, Милан Милиќ, како  Швеѓанецот Линус Персон.