Лазаров далеку најефикасен, на овој шампионат ја руши котата 200

Капитенот на Македонија сосема очекувано е лидер на Листата на стрелците во дресот на Македонија со настапите на европските првенства.

На претходните четири шампионати на вкупно 24 средби тој постигна 160 гола со кои е за речиси двојно погодоци пред Дејан Манасков, кој има еден натпревар повеќе од него и вкупно 83 постигнати голови.

Во Топ 10 се наоѓаат и легенди како Пепи Манасков, Игор Котевски, Стевче Алушовски, Наумче Мојсовски…

Сигурно оваа листа ќе претрпи промени после ова првенство, но пред почетокот на ЕП можете да видите кои се играчите меѓу најдобрите десет стрелци.

ТОП 10

160 – Кирил лазаров

83 – Дејан Манасков

71 – Стојанче Стоилов

60 – Филип Миркуловски

39 – Гоце Георгиевски

36 – Стевче Алушовски

28 – Науимче Мојсовски

26 – Игор Котевски

25 – Пепи Манасков

21 – Филип Кузмановски

21 – Филип Талески