Куп на Македонија: Стартува борбата за завршниот турнир – натпревари од денеска до четврток

Денеска стартуваат натпреварите од четвртфиналната фаза во Купот на Македонија, каде што ќе играат 16 суперлигашки екипи.

Во групата В, Вардар е голем фаворит против Тиквеш и се очекува да го потврди уште денеска местото на завршниот турнир.

Во другите групи натпреварите ќе се играат во среда и четврток, а Еурофарм Пелистер поради обврските во регионалната СЕХА лига, евентуалниот финален натпревар од групата против Прилеп или Пролет, ќе го одигра во друг термин.

Куп на Македонија, четвртфинални групи, распоред:

група А
Еурофарм Пелистер 2 – Металург, среда, 16:00 часот
Работнички – КЛ7,  среда, 16:30 часот
Еурофарм Пелистер 2/Металург – Работнички/КЛ7

група Б
Пролет – Прилеп, четврток, 17:00 часот
Младост Богданци – Еурофарм Пелистер, четврток, 19:00 часот
Пролет/Прилеп – Младост Богданци/Еурофарм Пелистер

група В
Вардар – Тиквеш, понеделник, 11:00 часот
Астраион – Радовиш, понеделник, 13:00 часот
Вардар/Тиквеш – Астраион/Радовиш, понеделник, 17:30 часот

група Г
Бутел Скопје – Јуниор КВ, среда, 18:00 часот
Струга – Охрид, среда, 17:00 часот
Бутел Скопје/Јуниор КВ – Струга/Охрид, четврток, 17:00 часот