Купот на Германија само со 16 екипи!

Завршниот турнир од Купот во Германија од сезоната 2019/20 беше планиран да се игра во октомври, но федерацијата го откажа.

Во Штутгарт се забранети поголеми собири со над 500 луѓе до 31 октомври, па немаше друга опција, освен да биде откажан.

Купот во новата сезона ќе се игра по нов формат, на елиминации, но ќе играат само 16 екипи од Бундес лигата.

Осминафиналните и четвртфиналните дуели ќе се играат во 2021 година, а завршниот турнир е планиран на 15 и 16 мај 2021 во „Порше Арена“ во Штутгарт.