Кумановци решија сè за едно полувреме против Македонија ЃП

Ракометарите на Куманово се враќаат со победа од гостувањето во Скопје кај тимот на Македонија Ѓорче Петров откако во текот на целата средба беше во предност.

Кумановци тргнаа одлично во натпреварот и успеаја брзо да дојдат до предност која постојано беше зголемувана. Од минута во минута разликата стануваше сè повисока и тоа даваше резултат бидејќи можеше мирно да се продолжи во натпреварот.

Откако на полувреме резултатот беше 17:9 за тимот на Куманово, во продолжение можеше да се игра мирно. Гостите знаеја како да одиграат мирно и да останат во висока предност. Имаа најмногу плус девет, но на моменти беше и плус четири. Сепак, постојано се имаше контрола така што победата не беше доведена во прашање.

МАКЕДОНИЈА ЃП – КУМАНОВО               21:29 (9:17)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Трпевски, Ѓероски, Нелоски 2, Ангеловски, Јаневски 4, Ѓорѓевски 4, Ѓиноски 3, Божиновски 1, Јаневски, Коцев, Мемеди 1, Митовски 1, Бурчевски, Мојсовски 3, Велковски 2, Христов

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 12 мин.

КУМАНОВО: Кимевски, Трајковски, Цветковски, Димитров, Кузмановски, Цветковски 5, Бошковски, Тасевски 11, Миладиновски 5, Трајчевски 1, Петковски 1, Димовски, Постоловски 6, Костовски, Михајловски, Димовски

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 12 мин.