Куманово се засили со македонска репрезентативка – потпиша Габи Величковска

Македонската репрезентативка Габриела Величковска по четири сезони на интернационална сцена се враќа во Македонија.

Таа потпиша договор на две сезони со вицепрвакот Куманово и ќе ги засили левата и средната бековска позиција.

Величковска потекнува од Кожувчанка Штип, играше за Металург и Пелистер во Македонија, а последните четири сезони ги мина во француските Ле Пузен и Кот Баске.

Договорот го продолжи бразилската интернационалка Андреза Алмеида, а од клубот заминаа десниот бек Јована Кипријановска и пикерот Амела Џакмиќ.