Куманово победнички против Овче Поле СУ

Поранешниот шампион Куманово славеше на претпоследниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Женската лига.

Избраничките на Драгана Ристова победија на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле Славјански Универзитет со 27-20.

Претходно кумановки славеа на две од трите средби во Србија, а утре ги очекува последната пријателска средба против Панорама Солун.

Куманово ќе биде дел од групата А заедно со Вардар, Гевгелија, Пелистер, Чаир, Скопје, Шампион и Спартак.