Куманово немаше милост за Деспина, победи со 29 голови разлика!

Ракометарките на Куманово ја продолжуваат победничката серија во Женската лига и сега имаат осум победи на осум натпревари, па се осамени на врвот.

Во последниот натпревар, избраничките на Ненад Краљевски немаа никакви проблеми против составот на Деспина од Прилеп и победија со 29 голови разлика, 43-14.

Победникот беше решен уште во првиот дел, кога домаќинките водеа со 15 голови, 22-7, а во продолжение шанса за настап добија сите ракометарки, но тоа не се почувствува во играта и водството на Куманово само се зголемуваше до конечните плус 29.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со девет и Александра Боризовска со седум погодоци, додека кај гостинките искусната Мери Конеска погоди пет пати.