Куманово му даде 42 гола на Спартак

Тимот на Куманово по убедливите победи во Купот на Македонија, во ист стил стил продолжи и во Женската лига.

Во првото пролетно коло избраничките на Ненад Краљевски немаа проблеми против тимот на Спартак и победија со 42-21.

По првиот дел домаќинките имаа предност од плус десет гола, 21-11 и беше јасно дека до крајот на мечот само ќе се бројат головите.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Кипријановска со девет гола, како и Јанкуловска и Шарановиќ со по седум, додека кај Спартак се истакна Гроздановска со седум гола.