Куманово како на тренинг во Битола, успешна генералка пред дербито со Чаир

Екипата на Куманово беше убедлива во Битола против Пелистер и славеше со високи 41:19 во рамките од 15.коло од Женската лигата. Победникот на натпреварот беше познат и пред самиот почеток, а кумановки само ја потврдија одличната форма.

Ракометарките на Куманово уште од самиот почеток наметнаа свој ритам и не дозволија никаков отпор од помалдиот тим на Пелистер. Веќе се беше решено по првото полувреме кое заврши со резултат 16:9 за екипата од Куманово.

Во второто полувреме екипата на Куманово со поцврста одбрана и расположените ракометарки, Јанкуловска и Боризовска постојано ја зголемуваше разликата. Домашната екипа на Пелистер со малата ротација на теренот немаше никакви шанси за надигрување во одредени делови од натпреварот.

Најефикасна во составот на Куманово беше Александра Боризовска со 11 гола. Во составот на Пелистер солидна партија одиграа Анастасија Белевска со осум и Марија Јанкуловска со седум гола.

Во следното коло составот на Куманово го игра дерби натпреварот против Чаир на гостински терен во Скопје. Младиот тим на Пелистер ќе гостува во Прилеп против Деспина.