Куманово испушти победа на гостувањето кај Текстилец

Во 6. коло од групата 1 во Првата машка лига екипите на Текстилец и Куманово ги поделија бодовите. Натпреварот кој се играше на теренот на Текстилец заврши со резултат 28:28.

Првиот дел беше израмнет во поголемиот дел, само во финишот кумановчани имаа подобар период кога стигнаа до добра предност од 15:11. Ова беше и најголемото водство што го имаше една од екипите. Обидите на Текстилец да ја намалат негативата гостите многу успешно ги одбиваа.

Разликата од три до четири беше постојана, но во последните минути од натпреварот Куманово имаше кризни минути. Текстилец го искористи тоа и успеа да израмни на 26:26. До крајот во игра гол за гол ниту една од екипите не успеа да стигне до трите бода.

Најефикасен во тимот на Текстилец беше Васе Петров со 13 гола, а во екипата на Куманово со седум гола најдобар беше Влатко Тасевски.

ТЕКСТИЛЕЦ – КУМАНОВО 28:28 (11:15)

Сала: ООУ Тошо Арсов во Штип. Гледачи: 200. Судии: Дејан Георгиевски и Димитар Георгиевски до Скопоје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ТЕКСТИЛЕЦ: Миланов, Петров, Ристов 5, Јовановски, Гогов 4, Арсов 1, Петров 13, Митрев, Сичков, Лазаров, Кипријановски, Стојменов, Трајчев, Атанасов, Попов 5.

Седмерци: 2/4. Исклучвања: 12 мин.

КУМАНОВО: Божиновски, Клековски, Димитров 2, Ивановски 1, Денковски 2, Цветковски 4, Петрушевски, Ацевски, Кимевски, Трајчевски 3, Стошиќ 1, Стојковски 2, Миладиновски 3, Тасевски 7, Спасиќ 3.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 16 мин.