Куманово го доби првото дерби, високи седум разлика против Металург

Ракометарките на Куманово го добија дерби дуелот против Металург и заработија три важни бодови од гостувањето во Автокоманда победувајќи со 30:23.

Оваа победа е значајна бидејќи се работи за два конкуренти за титулата во Супер женската лига што дава предност за Куманово во трката за првото место.

Првото полувреме донесе неизвесност во првите 20 минути кога имаше изсрамнета игра и резултат 7:7. После ова следуваше подобра игра од гостинките кои успеаја да направат предност од четири гола, 8:12, но не ја задржаа истата, па на одмор се замина со само два гола разлика.

Откако на паузата беше 13:11 за тимот на Куманово во продолжение од средбата дојде до израз подолгата клупата на тимот на Куманово, кој успеа да дојде до подобар резултат. Се зголемуваше предноста и истата на крајот изнесуваше седум гола што беше и повеќе од доволно за нова победа.

Со ова тимот на Куманово се позиционираше осамен на врвот со 21 поен од седум одиграни натпревари, додека за Металург ова е прв пораз, а досега има шест одиграни средби.

МЕТАЛУРГ – КУМАНОВО            23:30 (11:13)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Паскал. Гугуљанова 2, Ѓорѓиевска, Владева, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска 1, Арсениевска, Младеновска, Алексоска, Темелковска, Дамчевска 2, Божиновска 5, Петковска 2, Николиќ 2.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 8 мин.

КУМАНОВО: Митровиќ, Јовановска, Марковиќ 1, Пецанова, Трајковиќ 5, Ивановска 3, Боризовска 6, Шарановиќ 1, Чокели 4, Јанкуловска 7, Кипријановска 3, Џамкиќ, Краљевска, Цветановска, Бечирхоџиќ, Димитриевска.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.