Куманово броеше до 52 против Кузман Вардар

Ракометарките на Куманово подолжуваат со убедливите игри во Женската лига, во 6. коло ја забележаа шестата победа против Кузман Вардар со 52:12.

Кумановки имаа лесна задача на овој дуел, уште од почетокот беа доминантни на теренот и во ниту еден момент не беше прашање кој ќе ги однесе бодовите од овој меч.

По првото полувреме веќе беше сè решено кога Куманово водеше 25:4, продолжението беше само формалност. Тренерот Ненад Краљевски им даде можност на сите ракометарки, а тие ја искористија својата шанса и сите се запишаа во листата на стрелци.

Најефикасни во составот на Куманово беа Мила Трајковиќ со девет гола и Бранкица Марковиќ со шест, а по пет пати прецизни беа Кипријановска и Џакмиќ. Во екипата на Кузман со пет гола најефикасна беше Андреа Ангеловска.

КУМАНОВО – КУЗМАН ВАРДАР                              52:12 (25:4)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

КУМАНОВО: Јоановска, Митровиќ, Марковиќ 6, Пецанова 4, Трајковиќ 9, Димитровска 1, Шарановиќ 4, Чокели 2, Јанкуловска 4, Кипријановска 5, Џамкиќ 5, Краљевска 3, Цветановска 3, Николовска 1, Бечирхоџиќ 3, Димитриевска 2.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.

КУЗМАН ВАРДАР: Петровска, М. Буразер, Додевска, Атанасова 1, Милевска, Јовевска 2, Стојчевска, Ангеловска 5, Симоновска, А. Буразер, Петковска 1, Кириловска, Ангеловска 3.

Седмерци: 0/2, Исклучувања: 2 мин.