Куманово без проблеми го совлада Текстилец

Ракометарите на Куманово остварија лесна и сигурна победа во 15. коло од групата 1 во Првата лига против составот на Текстилец со 31:20.

Куманово беше подобар протоивник на натпреварот и заслужено ги освои бодовите. Од почетокот го имаа водството но Текстилец не дозволуваше домаќинот да се одлепи и постојано беше на два до три заостанување. По 30. минути игра Куманово имаше предност од 12:9.

Стартот на вториот дел беше решавачки за победникот на дуелот, Куманово отвори со серија од 8:2 и поведе со 20:11. Текстилец немаше сили да се врати од оваа негатива и мораше да се помири со поразот.

Најефикасен во составот на Куманово беше Денковски со седум погодоци, а шест постигна Миладиновски. Во тимот на Текстилец најпрецизен беше Ристов со шест гола.

КУМАНОВО – ТЕКСТИЛЕЦ 31:20 (12:9)

Сала: Спортска сала во Куманово. Гледачи: 200. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

КУМАНОВО: Клековски 4, Димитров 2, Кузмановски 2, Денковски 7, Трајковски , Цветковски 5, Димитриевски, Ивановски, Аццевски, Кимевски, Стошиќ 5, Стојмановски, Миладиновски 6, Даневски, Наумовски.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 8 мин.

ТЕКСТИЛЕЦ: Миланов, Петров 1, Ристов 6,  Трајков 3, Јовановски 4, Гогов 5, Митрев, Сичков 1, Лазаров, Кипријановски, Стојменов.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 4 мин.