Кукуловски: Во игра сме за трето место, ќе дадеме се од себе да ја оствариме таа цел

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Скопје со 28-23 во натпревар од 12 коло во Суперлигата и го потврди местото во плеј-офот на две кола до крајот на регуларниот дел.

Најдобар стрелец во редовите на битолскиот клуб беше Дејан Кукуловски со седум погодоци. Тој смета дека игра добро, но посакува да пружа уште подобри партии во дресот на Еурофарм Пелистер 2.

„Натпреварот беше тежок, Скопје се држеше добро, а ние имавме многу технички грешки што не требаше да си ги дозволиме. Сепак во финишот заигравме подобро и го добивме овој натпревар. Играме се подобро, ми се погоди екипата, и се надевам дека ќе пружам уште подобри партии во продолжение од сезоната. Остануваме во игра за третото место во групата, мора да ги добиеме натпреварите со Радовиш и Јуниор КВ и ќе дадеме максимум да го сториме тоа и да ја оствариме таа цел“, вели левиот бек на битолчани.

Следниот викенд Еурофарм Пелистер 2 повторно ќе игра на гости, кај Радовиш, додека во последното коло го пречекува дома составот на Јуниор КВ. Конкурентот за третото место, Тиквеш има меч со Еурофарм Пелистер и гостување кај Голден Арт.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

Еурофарм Пелистер 2 го реши Скопје и го потврди местото во плеј-оф!