Кукиќ: Македонија ја предводи врвен играч и професионалец во својата работа

Машката репрезентација на Македонија ја очекува пријателски двомеч со селекцијата на Србија.

Македонската селекција во Ниш отпатува само со ракометари кои настапуваат во домашната лига, а исто така и нашиот ривал  во ростерот има повеќе ракометари од домашниот шампионат, засилени со неколкумина интернационалци.

Ракометарот на Бенфика, Лазар Кукиќ, смета дека има голема перспектива во македонската репрезентација, а за селекторот, Кирил Лазаров имаше само позитивни коментари.

„Ќе играме две пријателски натпревари против Македонија. Нив ги предводи селекторот Кирил Лазаров, кој е врвен играч, врвен професионалец и сега започна да се занимава со тренерската работа. Тоа е млада и перспективна екипа и ќе ни послужи добро како тест за да видиме колку напредувавме со новиот селектор, а исто така тоа ќе биде и можност за неколку млади играчи да добијат минутажа”, заврши Кукиќ.

Србија на пријателските натпревари против Македонија ќе настапи без голманот Владимир Цупара од Веспрем, десното крило Богдан Радивојевиќ од ПИК Сегед и бекот на Војводина, Милан Вуковљак. Селекторот, Херона дополнително ги повика 19-годишен голман од ПИК Сегед, Лука Кривокапиќ и десното крило на Металопластика, Вукашин Воркапиќ.

Селекторот Лазаров во Ниш ќе смета на 18 ракометари и најави дека сите ќе добијат шанса. Првиот меч се игра денеска од 18:00 часот, а вториот утре од 16:00 часот.