Кузмановски славеше против Пешевски, Томовски одличен против Фленсбург

Во 10. коло од Бундес лигата македонските репрезентативци Пешевски и Кузмановски имаа меѓусебна пресметка во која поуспешен беше тимот на Магдебург, каде што настапува Филип Кузмановски со 33:28.

На овој дуел Штутгарт имаше одличен старт кога успеа да стигне и до шест гола предност. До крајот на полувремето домаќинот успеа да ја стигне негативата и имаше само еден минус, 12:13. Во вториот дел работите дојдоа на свое место, а Магдебург успеа да оствари резултатски убедлива победа. Пешевски постигна три гола, а Кузмановски еден.

Мартин Томовски со Лудвигсхафен беше блиску до изненадување на гостувањето кај шампионот Флензбург, но не издржаа во финишот и претрпеа пораз од 29:26. Репрезентативниот голман бранеше цел натпревар и забележа осум успешни интервенции.

Четвритот престваник од Македонија, Филип Миркуловски на домашен терен беше поразен од Кил со 26:30. „Зебрите“ на овој дуел беа убедливо подобар противник, победата ја имаа обезбедено уште на полувреме кога имаа водство од 17:10. Миркуловски не успеа да постигне гол на натпреварот, а имаше еден неуспешен обид.

Во останатите натпревари, дебито го играа Хановер и Рајн Некар кое заврши без победник 29:29, а нови победи забележаа Лајпциг и Мелсунген кои остануваат при врвот на табелата.

Бундес лига, резултати, 10. коло:

Лајпциг – Лемго 34:32 (16:17)
Магдебург – Штутгарт 33:28 (13:14)
Вецлар – Кил 26:30 (10:17)
Фленсбург – Лудвигсхафен 29:26 (16:15)
Хановер – Рајн Некар 29:29 (12:15)
Мелсунген – Ерланген 28:27 (15:14)