Кузмановски славеше во македонското дерби во Бундес Лигата

Во македонската пресметка во Бундес лигата, на која Штутгарт на Жарко Пешевски беше домаќин на Хановер и Филип Кузмановски, гостите беа убедливи и славеа сигурна победа со 34:22.

Македонските репрезентативци имаа свој скромен придонес за своите екипи, Жарко Пешевски беше стрелец на два гола за Штутгарт, додека за победничкиот тим на Хановер, Филип Кузмановски постигна еден погодок.

На почетокот на мечот Штутгарт имаше најчесто предност од еден гол, но не успеваше да се одлепи. Завршницата на првите 30 минути им припадна на гостите и Кузмановски и соиграчите на полувреме обезбедија водство од 18:14.

Во вториот дел Хановер целосно доминираше, постојано ја зголемуваше разликата, а 52. минута веќе имаа и двоцифрена предност кога поведоа со 30:20. До крај на дуелот само ја потврдија убедливата победа.

БУНДЕС ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ

КИЛ – РАЈН НЕКАР 32:29 (18:14)

ФЛЕНСБУРГ – ЛАЈПЦИГ  31:21 (13:9)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ХАМБУРГ 34:30 (17:15)

ЛЕМГО – ГЕПИНГЕН 34:26 (15:11)

ШТУТГАРТ – ХАНОВЕР  22:34 (14:18)