Кузмановски: Публиката не го заслужи овој пораз

Ракометарите на Македонија го збележаа првиот пораз на Европското првенство во второто коло откако беа поразени од Чешка со 25:27. Филип Кузмановски постигна еден гол на натпреварот, а по завршувањето имаше свој коментар.

„Договореното во првото полувреме го одигравме добро и имавме позитива од два гола, имавме проблем со решавање на акциите шест на пет со играч повеќе. Второто полувреме игравме пет-еден одбрана и многу ни праве проблеми финтерите Бабак и Здрахала и голманот имаше добра партија. Го раположивме ниниот десен бек, најдобриот шутер. Го одбираме потешкиот пат против домаќинот да играма за втора фаза. Имаме еден ден добро да се подготвиме и мислам дека денеска пропуштивме една голема шанса да ја победиме екипата на Чешка. Направивме многу техничи грешки избрзавме во тие полуконтри што добро го искористија. Мислам дека публиката ја разочаравме, исто како да игравме дома, секоја чест за нашата публика од прва до последна минута не бодреа и тие не го заслужуваат овој пораз“, изјави Филип Кузмановски.

Во последното трето коло од прелиминарната фаза Македонија ќе игра против домаќинот Австрија во натпреваро во кој ќе брка победа за пласман во главната рунда.