Кузмановски: Има голем простор за напредок

Репрезентацијата на Македонија го освои 27 место на Светското првенство во Полска и Шведска, откако во дуелот против Јужна Кореја триумфираше со три гола разлика, 36:33.

Најефикасен во дресот на Македонија беше Филип Кузмановски со осум постигнати погодоци.

Битолчанецот беше избран и за МВП на дуелот со Јужна Кореја.

,,Собравме сили за овој натпревар, седми на овој шампионат, навистина бевме уморни, но собравме сили да излеземе денес, да го дадеме максимумот од себе и да победиме. Ние сме млада селекција, растеме секој ден и имаме голем простор за напредок” изјави Кузмановски за 24Ракомет.

Македонија во групната фаза на Мундијалот беше во група со селекциите на Норвешка, Холандија и Аргентина. Во натпреварите од групите од Президент Купот, Македонија оствари две победи, против Алжир и Мароко, додека во дуелот со Тунис доживеа пораз.

Македонија со победнички крај го заврши настапот на СП