Кузмановски и Миркуловски тргнаа со реми

Тимот на Вецлар, каде во новата сезона ќе има двајца Македонци, со реми ги стартуваше подготвителните пријателски натпревари.

Вецлар ремизираше со второлигашот Потсдам, 32-32, иако губеше со три разлика во финишот на мечот, 30-27.

Следуваше камбек на избраниците на Карстенс и Миркуловски, кои направија комплетен пресврт, 32-31.

Сепак на крајот Постдам успеа да израмни и да остане непоразен на овој натпревар. За Вецлар дебитираа сите нови засилувања, меѓу кои Владимир Врањеш и Немања Зеленовиќ.

Филип Кузмановски постигна три погодоци на овој натпревар, а најдобар стрелец беше Швајцарецот Рубин со седум гола.