Кубеш: Не знам како победивме, но знам моите момци го дадоа најдоброто од себе!

Македонија загуби од Чешка со 27-25 во второто коло од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, но шансите за место во вториот круг сепак остануваат, но ќе мора да ја победиме Австрија во последниот натпревар.

„Не знам како победивме, но знам дека нашите ракометари беа на највисоко ниво. Многу сме среќни за победата, ова беше меч топка за нас, момците вложија се за да победат и резултатот е фантастичен за нас.

Чешка во последното коло од групната фаза ќе игра против Украина, која доколку загуби вечерва од Австрија, ќе биде елиминирана.