Куба без Моралес и Табоада ќе брка место на Мундијалот во Полска и Шведска

Актуелниот член на Вардар, Куни Моралес, како и поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, нема да бида дел од составот на репрезентацијата на Куба, која ќе се бори за место на Мундијалот во Полска и Шведска.

Куба мундијалскиот билет ќе го бара преку ракометниот шампионат на Северна Америка и Кариби, кој започнува денес и ќе трае до 30 јуни. Домаќин ќе биде Мексиканскиот олимписки спортски центар во Мексико Сити. Освен Моралес и Табоада, нема да настапат и поголемиот дел од стандардните репрезентативци на Куба.

Противници на Куба ќе бидат репрезентациите на Гренланд, Мексико и САД, а победникот ќе обезбеди билет за Светското првенство во 2023 година следниот јануари на кој домаќини ќе бидат Полска и Шведска.

Победникот од ова натпреварување ќе се најде во четвртиот шешир пред ждрепката за групите на СП и ќе стане можен ривал на Македонија.