Крстевски и Тренчевски не го спречија поразот на ПИФ

Тимот на Паргас ИФ, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, Александар Тренчевски и Илија Крстевски, загуби во финскиот шампионат.

На домашен терен, во натпревар од 10 коло, Паргас ИФ беше поразен убедливо од составот на АИФК со 21-31.

Нашите ракометари беа најдобри на теренот. Тренчевски даде шест, а Крстевски четири, но не можеа да го спречат новиот пораз на нивниот тим.