Кристопанс: Раул е една од причините што го одбрав ПСЖ, едвај го чекам настапот на Ф4!

Летонскиот џин Даинис Кристопанс одигра две и пол години во Вардар и освои една шампионска титула.

По кратката епизода во Бундес лигата во дресот на Фуксе Берлин, Кристопанс се пресели во ПСЖ.

Тој едвај го чека стартот на новата сезона.

„Едвај го чекам стартот на новата сезона и соработката со Раул, бидејќи паузата беше предолга. Секако цело ова време се обидував да останам фит – тренирав, трчав, одев во теретана. Но драго ми е што во клубот не форсираат, туку се се случува чекор по чекор. Полесно е кога доаѓаш во нов клуб, а го знаеш системот на кој работи тренерот. Раул е една од причините што го одбрав ПСЖ и едвај го чекам новиот настап во Келн“, вели Кристопанс.

На завршниот турнир оваа сезона покрај ПСЖ, ќе играат Веспрем, Кил и Барселона.