Кристопанс пристигна во Париз – почна со работа под палката на Раул (ФОТО)

Поранешниот ракометар на Вардар, Даинис Кристопанс, од следната сезона ќе започне да го одработува тригодишниот договор со францускиот ПСЖ.

Тој по германската авантура со Фуксе Берлин, веќе пристигна во Париз и веќе ги мина медицинските прегледи заедно со уште двајца новаци – Матје Гребиј и Елохим Пранди.

Ракометарите на ПСЖ од 2 јуни под водство на Раул Гонзалес им се вратија на тренинзи во затворен простор, но со строги мерки.

Тие ќе работат уште неколку дена заедно, пред да ја прослават титулата, а подготовките за следната сезона би требало да почнат на крајот на јули.