Кристопанс и колегите и се реваншираа на Италија, обезбедија два бода за надеж

Летонија со победа од 31:29 и се реваншира на Италија за поразот пред неколку денa во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Во натпревар со многу измени на резултатот, Летонците, успеаја во последните десет минути да прикажат добра одбрана и да се израдуваат на првата победа во овие квалификациски натпревари.

Тие беа во предност и во првоте 30 минути кога имаа предност од три гола. На полувреме резултатот беше 17:14, но потоа противникот успеа да се врати во ритам, па мораше во завршницта да се одработи за триумф.

Селекцијата на Летонја беше предводена од Игнарс кој беше стрелец на осум погодоци. Поранешниот ракометар на Вардар, Даинис Кристопанс, шестпати се запиша меѓу стрелците.Во Италија најефикасен беше Давид Булџамини со девет голови, но тие беа недоволни за победа.

Овие две селекции се во група со Белорусија и Шведска, а со победата против Италија, селекцијата на Летонија се надева на подобар пласман во квалификациската група 6.