Кристијан Дисингер во конкуренција за настап на Мундијалот во Египет (ФОТО)

Откако кружниот напаѓач на Кил, Патрик Винцек, реши да го откаже учеството на Мундијалот во Египет, списокот на германскиот селектор Алфред Гисласон од 35 играчи пред СП се скрати на 32 можни кандидати.

Во конкуренција за настап останува левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер, кој требаше да го има камбекот во евро-квалификациите, но тогаш не настапи поради коронавирусот во македонскиот тим.

На позицијата на Дисингер се уште и Пол Друкс од Фуксе Берлин, Фабијан Бом од Хановер, Јулиус Кун од Мелсунген и Себастијан Фејман од Гепинген. Покрај Дисингер, втор интернационалец на списокот е голманот на Келце, Андреас Вулф.

Претходно од поширокиот список отпаднаa и десниот бек на Фленсбург, Франц Цемпер, кој ја заврши сезоната поради повреда на лигаментите, како и средниот бек на Лемго, Тим Сутон.