Крај на репрезентативната кариера на Бомбач?

Зад Деан Бомбач е Европско првенство кое сигурно ќе го памети по измешаните емиции. Тој ја презеде улогата лидер на тимот која ја бараше одамна и беше еден од најдобрите играчи на Словенија на првенството.

Од друга страна го освоија неблагодарното четврото место кое не им го донесе толку посакуваниот медал. Бомбач говореше за настапот на првенството, претсојните квалификации за Олиписките игри и неговата иднина.

„Ми одговара Врањеш, исто така и Зорман ми веруваа. Дадов се од себе на секој натпревар и никогаш не се предадов. Што се одесува до мене одредени мечеви можеа да се одиграат поинаку но немаме многу играчи кои можат да играат во двата правци на врвно ниво. Сметам дека Врањеш направи одлична работа со тоа што го имаше на располагање. Очекувањата се јасни, пласман на Олимписките игри, ќе биде тешко против Шведска, но ако ги победивме во Гетеборг зошто да не ги победиме и во Берлин. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе играм на Олимпијадата, а потоа во консултација со семејството ќе одлучам за иднината на мојата кариера во репрезентациајта. За наредните Олимписки игри во Париз 2024 веќе ќе имам 35 години и мислам дека ќе биде време да се отстапи место на помладите“, коментираше Бомбач.

Најверојатно конечната одлука на Бобмач за продолжението од кариерата ќе зависи од тоа дали ќе обезбедат настап на Олимписките игри и резултатот кој Словенија може да го оствари таму.