КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Шмид го одигра последниот натпревар во кариерата!

Легендарниот ракометар Енди Шмид, кој во оваа сезона се врати во Швајцарија и ги засили редовите на Криенс Луцерн, се повреди на натпреварот против Кадетен Шафхаузен во рамки од плеј-оф фазата, односно разигрувањето за титулата во швајцарскиот шампионат.

Искусниот Шмид ја скинал Ахиловата тетива и на еден или два меча до крајот од финалната серија за него сезоната е веќе завршена. Неизвесно е дали 39-годишниот ракометар ќе има доволно енергија да се врати на ракометните терени во новата сезона.

Најверојатно дуелот против Кадетен Шафхаузен за Шмид беше последниот во неговата професионална кариера. Тој наскоро ќе ја преземи сениорската репрезентација на Швајцарија, па така за очекување е дека целосно ќе биде посветен на новата работа.

Освен Шмид, повреда во дуелот со Кадетен Шафхаузен, и тоа во првата минута, заработи Фабијан Бом. Левиот бек од Германија исто така предвреме ја завршува сезоната, а повредени се и Милош Орбовиќ и Рамон Шлумф.

Кадетен Шафхаузен води со 2-1 против Луцерн во финалната серија и ако победи на третиот финален дуел ќе ја одбрани шампионската титула.